Дарко Лазиќ зборуваше дека не ја гледа често својата ќерка Лорена од првиот брак и дека за тоа е виновна неговата поранешна сопруга Ана Севиќ.
Наводно, Ана не му дозволува на пејачот да ја гледа Лорена и дека токму поради таа се уште не го запознала својот брат, неколумесечниот Алексиј.
Севиќ сепак истакна дека таа не го спречува Дарко ја гледа својата ќерка, но дека тој по сопствена желба не сака да го прави тоа.
Меѓутоа, сега Дарко ја објави првата заедничка фотографија на која се наоѓа и малата Лорена.
Марина Гагиќ, бебето Алексиј, Дарко и Лорена позираа заедно во кревет, а оваа фотографија заврши на социјалните мрежи.