Радио Милева
прекршок со „причина“ и казна...

По синоќешното апсење на Северина во Белград: Иако пејачката три пати го менувала исказот, откриена причината зошто го прекршила полицискиот час и колкава казна платила (ФОТО)

По синоќешното апсење на Северина во Белград: Иако пејачката три пати го менувала исказот, откриена причината зошто го прекршила полицискиот час и колкава казна платила (ФОТО)

Пејачката Северина Којиќ вчеравечер била уапсена  во Белград поради кршење на полицискиот час.

Северина била запрена од полицијата во Нов Белград, каде управувала автомобил БМВ со хрватски регистарски ознаки на град Загреб, објави српски Информер.
Според наредбата на судијата на должност, Северина била осудена во т.н. скратена постапка.

За прекршување на полицискиот час,  судијата за прекршоци ја казнил пејачката со најниската парична казна од 50.000 динари (околу 439 евра) иако казната може да достигне и до 150.000 динари.
Севе се согласила да ја плати казната и тоа веднаш го сторила.

Патем, Северина неколкупати го менувала своето сведочење, најпрвин кажувајќи дека тргнала само до аптека, а потоа ја променила нејзината приказна, велејќи дека само излегла за да го препаркира автомобилот, но, на крајот се покажало дека таа планирала да го напушти Белград.

„Северина вечерва се пакуваше, бидејќи утрово заминуваше во Загреб и излезе со автомобилот без да размисли за полициски час. Таа  го призна делото и ја плати казната. После еден месец непланиран престој во Белград во пресрет на средбата со нејзиниот син, не е ни чудо што таа ги изумила строгите ограничувања на движењето во Србија, кои ги нема во Хрватска, а и Србија се среќава со нив за прв пат. Имено, вчера, по 32 дена изолација, пред да се врати во Загреб, неговиот татко и дозволи да го види својот син  на 15 минути“ – стои во соопштението на П.Р. тимот на пејачката, наведувајќи што е причината што Северина „заборавила“ на времето за полицискиот час.

Сепак, медиумите шпекулираат дека вистината е малку поинаква, и дека Северина наводно имала жолчна расправија со сопругот Игор Којиќ, за што се претпоставува дека е главната причина за за прекршокот што го направила пејачката.

Останати вести од Радио Милева