Популарниот турски актер Бурак Озчивит се враќа со нов проект оваа сезона.
Тој го потврди учеството во серијата „Осман Гази“, серија чија тема ќе биде животот на Осман први, осоновачот на Османската империја.
Ликот кој ќе го глуми Бурак е Осман први, синот на Ертугрул Газиј, кој во истоимената серија го игра познатиот актер Ангин Алтан.
Потсетуваме, сериите по „Сулејман величествениот“ немаа толку голем успех кај публиката. Каков ќе биде случајот со новата серија во која Бурак ќе ја има главната улога останува да видиме.
View this post on Instagram
Инаку, пред некое време турските медиуми шпекулираа дека Бурак е во депресија поради работата, по што тој демантираше пред камера и кажа дека секогаш се смее на трачевите што ги чита за себе и својата сопруга, актерката Фахрие Евџан.