Радио Милева

По шест години на исто место: Стефан од „Некст Тајм“ заедно со девојката на синот на Ѓорѓе Иванов (фото)

По шест години на исто место: Стефан од „Некст Тајм“ заедно со девојката на синот на Ѓорѓе Иванов (фото)

Поминаа шест години од снимањето и објавувањето на спотот за преработката на „Ја излези Ѓурѓо“ на дуото „Некст Тајм“.

Денес оваа позната македонска песна по обработката и фасцинантниот спот, веќе секој знае да ја пее, што дополнително ги прави задоволни браќата близнаци, но исто така и повеќе од осумте милиони прегледи на видеото на Јутјуб.

На исто место и датум од снимањето на спотот, се најдоа Стефан и Ѓурга од спотот, односно одбојкатката Власта Ружиновска. За фотографија која се најде на профилот на „Некст Тајм“ на Фејсбук напишаа:

„Пред Илинден, после 6 години се вративме на местото каде што го снимивме видеото за песната Ја излези Ѓурѓо, Власта и Стефан!“ – пишува во описот.

фото:некст тајм/фејсбук

Инаку за згодната одбојкарка Власта, минатата година се пишуваше дека е во врска со синот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, Иван, но бидејќи приватноста ја кријат како змија нозете, нивниот сегашен љубовен статус е непознат за јавноста.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/novata-devojka-na-sinot-na-gjorgje-ivanov-e-top-tema-a-eve-kako-izgledashe-ovaa-ubava-sportistka-vo-spotot-na-nekst-tajm-foto-video/

Истото е и со Стфеан. Тој пак, веќе извесен период не сме го виделе заедно со манекенката Маја Ристеска, која беше негова последна љубов.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/taa-se-razvede-a-toj-do-neodamna-beshe-so-druga-stefan-od-nekst-tajm-ima-nova-devojka-nasha-poznata-manekenka-foto/

To top