Радио Милева

По сè што се случи кралицата Елизабета решила да и одржи лекција на Меган Маркл

По сè што се случи кралицата Елизабета решила да и одржи лекција на Меган Маркл

Во последно време во јавноста се повеќе се зборува за несоодветното однесување на сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.

Непосредно пред венчавката предизвика два скандала кои наводно многу ја изнервирала кралицата. Скандалот наводно избил поради тоа што Меган не била задоволна од тијарата која требало да ја носи на церемонијата. Таа сакала да носи друга, а тогаш се замешала и кралицата која рекла дека Меган ќе носи она што таа ќе и го даде.

Откако интервенирал и принцот Хари, кој сакал да ги исполни хировите на сопругата, кралицата го спуштила на земја, и го предупредила да внимаваат како се однесуваат.

Tanjug AP

Другиот проблем бил непријатниот мирис во капелата во Виндзор поради што Меган барала освежувачи за воздух, пренесува Дејли мејл.

Имено, капелата датира од 15 век и во неа е загушливо, поради што младата сакала воздухот да се освежи пред да дојдат гостите.

Блиски избори тврдат дека ни ова барање на принцезата не било исполнето. Уште една приказна која се појави во јавноста е нетрпеливоста меѓу Меган и Кејт. Наводно, тоа е причината поради која Меган и Хари ќе се преселат од замокот.

To top