Радио Милева

По разводот од Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ ужива во овој луксузен дом (фото)

По разводот од Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ ужива во овој луксузен дом (фото)

Годината која изминува беше турбулентна за пејачката Емина Јаховиќ. Кон почетокот на годината почнаа гласини дека пејачката се разведува од сопругот Мустафа Сандал по 10 години брак.

Тие ги потврдија овие наводи, но истакнаа дека ќе останат пријатели пред се поради децата и дека чувствуваат почит еден кон друг.

Официјално се разведоа во месец јуни. Потоа се пишуваше дека Емина не се чувствува добро, дека е во депресија, а фановите беа загрижени, бидејќи таа доста ослаби.

Меѓутоа, наесен почнаа шпекулациите дека Емина е во љубов со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а тоа беше потврдено кога Емина се најде на една семејна прослава каде изјави дека е среќна со Садетин.

INSTAGRAM

Дојдовме до крајот на годината кога ги сумираме впечатоците, а пејачката по описот на Инстаграм е подготвена да влезе во 2019 година.

Со оваа прилика покажа дека во својот дом има романтична атмосфера. Погледнете:

foto:printscreen/instagram

To top