Странските медиуми пишуваат дека Ријана повторно е заљубена и тоа во нејзиниот долгодишен пријател.
Ријана три години беше во врска со саудскиот милијардер Хасан Џамил, а пред неколку дена пејачката откри дека повторно е слободна.
Меѓутоа, како што пишува „The Sun“, Ријана повторно среќата ја пронашла во прегратки на американскиот рапер Роки со кого се познава неколку години.
Наводно Ријана и Роки во последните неколку дена се многу блиски, а видени се како заедно излегуваат од хотел.
“Тие уживаат додека се заедно. Нивниот однос е лежерен и Ријана не размислува за иднината. Таа е од неодамна сингл девојка која сака да се забавува”, изјавил извор близок до Ријана.
Ова не е првпат да ги поврзуваат Ријана и АСАП Роки кои се долгогодишни пријатели. Тие се познаваат уште од 2013 година кога пејачката се појави во спотот за неговата песна “Fashion Killa”, а истата година беа фотографирани од страна на папараците како се бакнуваат на улиците на Њујорк.
Пред Ријана, Роки беше во врска со познати дами како манекенките Шанел Иман и Кендал Џенер и раперката Иги Азалеја.