Радио Милева

По раскинување на свршувачката Нина Бадриќ искрена: „Празните ветувања се минато“

По раскинување на свршувачката Нина Бадриќ искрена: „Празните ветувања се минато“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ уживаше во едногодишна врска со хрватскиот бизнисмен Тони Брал.

Парот пред некое време се сврши, односно Тони ја побарал Нина за сопруга на едно патување на Малдивите.

Меѓутоа, наместо свадба дојде до раскинување. Имено, неодамна пејачката ја раскинала свршувачката со својот партнер.

„Точно е, не носам повеќе свршенички прстен. Сама сум и се радувам на секој нов ден“, изјави Бадриќ.

Меѓутоа, во новиот број на магазинот „Стори“, Нина во интервју изјави „Празните ветувања се минато“. На што конретно мисли останува да прочитаме во познатиот магазин.

За потсетување, Бадриќ има еден брак зад себе, а дали пејачката конечно ќе ја најде својата љубов со која ќе остане до крајот на животот останува да видиме.

To top