Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа „Гранд“, а од продажбата заработија 30 милиони евра, пишуваат српските медиуми.
По тој повод, тие организираа прослава во еден белградски локал на кој присуствуваа нивни вработени, како и речиси цела српска естрада.
Како што пишуваат српските медиуми, Брена потполно се повлекла од продукцијата, додека Саша Поповиќ директорското место го препуштил на Александар Милиќ Мили.
Поповиќ нема да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ кои веќе траат 14 сезони. Тој и понатаму ќе биде креативен директор, а како што се пишува неговата месечна плата 25 000 евра.
„Останувам тука. „Ѕвездите на Гранд“ ќе траат засекогаш“, изјави Поповиќ.
Потсетуваме, Брена и Поповиќ пред неколку месеци продадоа 49% од Гранд, додека пак другите 51% ги продадоа во 2014 година кога добија околу 15 000 евра.