Радио Милева радост голема

По примерот на Викторија Лоба и Тамара Тодевска ги засука ракавите, па им направи новогодишна магија во домот на своите деца (фото)

По примерот на Викторија Лоба и Тамара Тодевска ги засука ракавите, па им направи новогодишна магија во домот на своите деца (фото)

Нема сомнеж дека новогодишната елка и декорација будат убави чувства и позитувна енергија.

Многумина сакаат да украсат со новогодишната декорација порано, уште од месец ноември, а исто така и сакаат да ја тргнат што подоцна и по завршувањето на Стара Нова.

Денес на стартот од месец декември социјалните мрежи веќе почнаа да се полнат со видеа и фотографии од новогодишни елки, некој со повисока, некои со помала елка, бела или зелена, природна или вештачка, сеедно, вежно е дека ја носат радоста и кај помладите и кај повозрасните.

Децата секако се оние што најмногу се радуваат, а по примерот на пејачката Викторија Лоба која беше прва од славните која го украси божичното дрво, по неа сега и Тамара Тодевска го направи истото и ги израдува Хана и Дарен.

Среде соба високо елката им стои, и ја красат лампиони во многу бои.

А кога децата се среќни, родителите се уште посреќни!

фото:Инстаграм

To top