Радио Милева

По примерот на Кардашијан: Ана Николиќ станува реалити ѕвезда?

По примерот на Кардашијан: Ана Николиќ станува реалити ѕвезда?

Музичката ѕвезда, Ана Николиќ ќе снима свое реалити шоу во кое ќе покаже како се ослободува од вишокот на килограми.

Со оглед на тоа дека многу жени се соочуваат со проблемот на вишокот на килограми, а патот до нивно губење не е лесен, Николиќ одлучи да им биде пример.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA NIKOLIĆ (@ananikolicofficial) on

„Соработниците на Ана веќе долго време подготвуваат спектакуларно шоу за обичниот живот на големите ѕвезди. Во емисијата ќе бидат прикажани нејзините реални проблеми, нервозите поради килограмите, моменти кога е депресивна, тажна, но и оние моменти кога одлучува да направи нешто за себе, за своето здравје и својот изглед“, изјави пријателка на Ана за „Информер“

Таа исто така истакна дека Николиќ пред камерите ќе застане на вага и ќе открие колку килограми има.

Во реалното шоу пејачката ќе биде посветена на фановите и гледачите. Нејзините следбеници ќе може да го следат нејзиниот приватен живот, освен нејзината ќерка Тара.

To top