Станува збор за проектот „120 Години Илинден“ каде главни протагонисти се легендарниот диџеј Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро, каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.
Пред публиката своите сетови ќе ги претстават најдобрите македонски диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару.
Ѕвезда на вечерта е легендарниот американски диџеј Дерик Меј, пионер на електронската музика и еден од основачите на техното, кој остави низбришлива трага ширум светот и во Македонија со неговите револуционерни продукции и изведби. Сите негови настапи во Македонија, без исклучок, се незаборавни по многу нешта а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава.