Радио Милева

По поправената грешка, ова се гласовите на белоруското жири на Евровизија

По поправената грешка, ова се гласовите на белоруското жири на Евровизија

Европската радиотелевизиска унија ја призна грешка во текот на собирањето на гласовите на жирито во финалето на Евровизија.

Имено до проблеми дошло поради жирито од Белорусија кое поради коментариње пред самото финало било распуштено поради што морало да се пронајде алтернатива како ќе се соберат гласовите.

Секако, промената на гласовите не придонесе промена во победата на Холандија.

Foto: Tanjug/AP

За тоа одлучи ЕВУ, а конечниот резултат на гласови е направен така што ги земале државите: Арменија, Русија, Грузија и Азербијџан и погледнале како поминале финалистите кај нив и ги пресметале просечните резултати.

По промена и направената грешка, гласовите на белоруското жири се следните:

12 поени – Малта

10 поени – Македонија

8 поени Кипар

7 поени – Италија

6 поени – Холандија

5 поени – Азербејџан

4 поени – Швајцарија

3 поени – Грција

2 поени – Шведска

1 поен – Русија

Со оваа промена Македонија е на прво место според гласовите на жирито и на седмо место според гласовите на публиката.

Кипар, Малта, Франција и Словенија исто така забележаа промена на местата во финалето, Србија од 17 место, сега  е на 18.

За потсетување, на 64 издание на Евровизија победи Холандија.

To top