Денес (27 јули 2023) по подолго боледување на 73 годишна возраст, во Скопје почина големиот македонски композитор Кире Костов. Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија.
Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар.
Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овај фестива произлегоја преку двестотини песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови. Еве некои наслови од тој фестивал – “Наташа од трето три“, “Прва љубов“, “Супер бабичка“, “Фламенго“, “Заради тебе Зоране“, “Детство“, “Без другар тешко е“, “Визба стара и гитара“ и многу друри.
Бил уметнички директор на Интерфест – Битола, фестивалот за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија од кои би ги издвоиле -Три Гранприја на фестивалот Макфест (1986,1993, 1995 година), Два Гранприја на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија ,,Тајно моја,,и,,Илузија во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – “Бела птица“, во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина – “Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот Сунчане скале – “Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот Сунчане скале – “Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот Пјесма Медитерана-Будва, Црна гора – “Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.