Милица Тодоровиќ и Милпш Пауновиќ уживаат во својата хармонична врска, а како што вели пејачката се почесто разговараат за брак и деца.
„Искрено, да ви кажам во последно време Милош и јас често зборуваме за брак и дете. Веќе пет години сме заедно, па да видиме до каде сме. Одлучивме да почекаме. Наскоро ќе има свадба и принова“ вели Милица и додаде дека тоа може да се случи оваа година.
Милица заедно со нејзиниот патрнер го помина Божиќ во Белград. Таа вели дека од нејзините нема притисок за брак и принова.
„Родителите никогаш не ме прашуваат кога ќе биде свадбата и приновата. Никогаш не ме прашале. Одамна не живеам со нив, имам свој живот и не се мешаат. Што се однесува до Милош тие имаат одличен однос“ вели пејачката.
Дали Милица навистина оваа година ќе стапне на луди камен останува да видиме.