Мегафон Хакерски напад

По пет милијарди прегледи, спотот на „Деспасито“ избришан од ЈуТјуб

По пет милијарди прегледи, спотот на „Деспасито“ избришан од ЈуТјуб

Хакери го избришаа спотот за песната „Деспасито“ од ЈуТјуб.

Само пет дена откако беше објавено дека спотот на Луис Фонси во соработка со Дади Јанки официјално е најгледаниот на Јутјуб со 5 милијарди прегледи, хакери успеаја да го избришат.

Луѓето некое време можеа да пристапат до спотот, но наместо песната ги дочекала слика од петмина аниминирани и маскирани луѓе со вперени пиштоли во камера, што сугерира дека станува збор за хакерски напад.

Таков хакерски напад ги погоди и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк, а оригиналните видеа се поставени на Вево.

Хакерската група која се потпишува како Prosox and Kuroi’sh напиша „Free Palestine“ под видео клиповите.

To top