Серијата „Беса“ која кај нас се емитува на Алфа ТВ чија приказна се темели врз функционирањето на албанската мафија постигна неверојатен успех во Регионот. Навидум обичен човек, Урош е принуден да работи како ппрофесионален убиец за наркобосот Дардан Бериша, за да ја исплати „Бесата“ откако ќе предизвика сообраќајна несреќа во која загинува ќерката на „газдата“.
Оваа серија е снимена по документарецот за тоа како функционира албанската мафија во Црна Гора и воопшто во регионот и Европа, за вистинските водачи и суровите методи по кои работат, во кои нема ниту милост, ниту прошка за никого, па дури и за најблиското семејство.