Радио Милева

По отровната риба и змиите, нова напаст на грчките плажи: Лила гризната за задник! (ВИДЕО)

По отровната риба и змиите, нова напаст на грчките плажи: Лила гризната за задник! (ВИДЕО)

Изминатиов период во медиумите осамнаа написи од типот: „Смртта танцува на грчките плажи“, со образложение  дека на грчкото крајбрежје каде летуваат најголем дел македонски туристи, демнат низа опасности. Од појавата на медузи, преку отровната риба во плитките води, до црните змии-отровници кои се шетаат покрај лежалките.

Сепак тоа не е пречка одморот и викендите нашите масовно да ги минуваат кај јужниот сосед на Егејот… Покрај сите други, се разбира и некои од познатите и популарни личности, како на пример старите пријатели: водителката  Лила Филиповска, модниот гуру Сергеј Варошлија и газда Боки 13-ка.

Лила како Лила, побрза да ги фати уште првите сончеви зраци крај брегот, арно ама, сиротата немаше среќа. Малерозната водителка прва ја искуси „новата напаст“ на грчките плажи. Додека така свртена со лицето кон морето, а со грбот кон брегот, Лила беше гризната за најистурениот дел од телото одзади – за задникот!

Штом ги почувствува острите заби на себе, водителката преплашено скокна, ама веќе беше доцна…

Неееее… Немојте да помислите дека се работи за глутница бездомни кучиња, или некој заскитан пес, пуштен од ланец… Напротив! Во прашање беше само мала летна шега за колешката, ем другарка, од нејзиното „машко друштво“!

Сергеј беше тој кој не можел да му одолее на предизвикот, па лазејќи, нечујно опасно ќе и се доближи и со гласен кучешки извик ќе ја гризне Лила за задникот или нешто подолу.

А, Боки го овековечил моментот со видео кадар, па смешното видео го постирал на својот Инстаграм профил, кое можете да го погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official) on

To top