Лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчерва во гостување на ТВ Алфа, осврнувајќи се на акцијата со издавање фалсификувани пасоши и наводите за саботажа од негова страна со објавување детали од неа, наведе и дека по откривањето на аферата со пасошите добивал закани по неговиот живот, кои вели, деновиве жестоко се интензивирале, но, не чувствува страв заради тоа туку, како што посочува, се поголема мотивација.
„Не знам дали се заканува мафијата или не, но чудни телефонски броеви штракаат разноразни пораки, чудни луѓе приоѓаат, чудни мејлови, чудни писма изминативе денови. Телефонски броеви да речеме од соседството, од Русија итн. Јас ќе продолжам и понатаму и ова само ме охрабрува дека сме на вистинскиот пат и нема да застанеме“ – рече Мицкоски.
Целото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа погледенете го во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=ZVKpvTlhna4