Иван Ивановиќ по осум години ја напушта телевизија „Прва“ каде се емитува „Вечер со Иван Ивановиќ“ пренесува српскиот портал „Курир“.
Според пишувањата на овој портал, Иван планира да се повлече по последната емисија која ќе се емитува во петок, а гостин ќе му биде Жарко Лаушевиќ.
„Последно негово интервју ќе го гледаме во петок, кога во 272 емисија гост ќе биде Жарко Лаушевиќ. Актерот и водителот се долгогодишни пријатели, а кончено ќе седнат да разговарат пред камерите“ вели извор близок на водителот.
По овие информации Иван порачал дека нема коментар, а „Прва“ се огласи на следниот начин.
„Не разговаравме на таа тема, ниту се занимаваме со шпекулации. Емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ се снима и во петок во стандарниот термин, во 22 часот, ексклузивно може да го гледате итнервјуто со Зоран Лаушевиќ“ велат од „Прва“.