Музичарот Драган Стојковиќ-Босанац излезе од болница и закрепнува во кругот на семејството.
Ќерката Џиџа постојано е до татка си, на кого е неопходен одмор по операцијата на срцето.
-Излезе од блоница, одлично се чувствува. Операцијата беше рутинска и се помина во најдобар ред – вели неговата ќерка.
Се очекува краткотрајно боледување, по што Босанац ќе се врати на своите обврски како член на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.