По обвинувањата за сексуално вознимирување, Пласидо Доминго си даде оставака од позицијата директор на Операта во Лос Анџелес.
Во соопштението Доминго вели дека обвинувањата создале атмосфера во која била загрозена неговата способност за работа.
Управниот одбор во соопштението вели дека Доминго настапувал повеќе од 300 пати во 21 улога.
На позицијата на генерален директор е од 2003 година.
За потсетување, 9 пејачки и танчерки го обвинија познатиот Пласидо Доминго за многубројни сексуални злоставувања кои се случувале уште пред 30 години.
Според најновите информации, еден од најпознатите операски пејачи ги принудувал жените да имаат сексуални односи, а за возврат ќе добијат добри ангажмани и работни прилики.
По тој повод тогаш се огласи и Доминго кој истакна дека овие пишувања не се точни.
„Обинувањата на поединци кои датираат уште пред 30 години се неточни. Сепак, боли кога ќе слушнете дека сте вознимириле некој и сте направиле да се почувствува непријатно, без оглед на тоа кога се случило и без оглед на тоа што било со најдобра немера. Верувајте дека сите мои средби биле разумни, а луѓето кои ме знаат, или они со кои работев, знаат дека никогаш нема некој намерно да навредам или да го доведам во непријатна ситуација“ изјави тогаш пејачот.