Ана Николиќ важеше за една од најсексапилните пејачки не само на српската, туку и на регионалната естрада. Опасно згодна, ултрасекси, со бујни атрибути кои будат копнеж, желба и ги потикнуваат машките мечти, расната пејачка своевремено важеше за секси „цица- маца“!
Но, за време на бременоста, Ана Николиќ енормно се здебели. Откако ја донесе на свет ќеркичката Тара, таа се обидуваше, но никако не и поаѓаше од рака да ослабе. Ана од „цица -маца“ стана дебела како каца! И тоа траеше се’ до неодамна, кога реши да се смени и упорно истраја во тоа.
фото: Ненад Вујановиќ/Ало
Ана успеа драстично да ослабе, со што ги увери оние сомничавите, кои беа убедени дека пејачката никогаш повеќе нема да ја победи дебелината.
Пејачката стоечки ги поднесе повиците, навредите и негативните коментари, и иако нејзиниот вишок веројатно и ’пречеше, таа самоуверено се појавуваше во јавноста и со линија што не беше на завидно ниво.
Резултатите од губењето на тежината Ана сега и тоа како гордо ги истакнува, а нејзината последна фотографија ги израдува обожавателите.
„Ана чоколада“, „Пеколен портокал“, „Повторно блескаш“, „Бомба… секс бомба“, се само некои од коментарите кои ги доби секси пејачката.
А дека е сега посекси од било кога, па дури и од она време кога важеше за „цица – маца“, уверете се во фотографиите на оваа позната белградска секси фаца!
Фото: Инстаграм принтскрин