Радио Милева еве ги промените

По неколкуте естетски интервенции Тијана Дапчевиќ го покажа лицето во крупен кадар (фото)

По неколкуте естетски интервенции Тијана Дапчевиќ го покажа лицето во крупен кадар (фото)

Пејачката Тијана Дапчевиќ неодамна јавно преку социјалните мрежи сподели дека го избоцка лицето, односно направи мезотерапија, Тијана по многу убедување и по сугестија на докторката на која силно и верува, реши да стави филер во усните.

Тогаш, објаснувањето беше дека Тијана нема намера да прави огромни тренди усни, туку само враќање на стариот волумен кој со текот на годините се намалува.

Тијана секогаш била отворена за она што го работи на себе во однос на својот изглед, па и овој пат јавно откри што се’ правеше на лицето, а е крајно задоволна.

Се уште вцрвенета од третманите поради својата ултра сензитивна кожа, тогаш остави нештата да слегнат, па по некое време да го покаже резултатот.

Така и се случи.

Тијана во крупен кадар го покажа своето освежено лице и усни и докажа дека не секогаш естетските интервенции треба да бидат нападни и невкусни, па кога нештата се во мера, знаат да изгледаат убаво.

Тијана Дапчевиќ со своите 47 години повеќе од две децении оди на козметичари каде посегнува по разни третмани. Во овој поглед, таа нужно ги следи трендовите и иновативните решенија кои и овозможуваат да изгледа негувано и свежо. Досега естетските интервенции за неа се благи и како во случаков сосема во границите на нормала.

фото:Инстаграм принтскрин/Тијана Дапчевиќ

To top