Меган Маркл и принцот Хари пред седум месеци станаа родители на нивното прво дете, синот Арчи, а сега британските медиуми тврдат дека војвтоката од Сасекс повторно е бремена.
Според нив Меган Маркл и принцот Хари ќе станат родители на девојче.
Гласинините за бременоста на Меган започнале на почетокот на месецот откако војвотката била видена како во јавност се држи за стомак, а истото овој потег го правеше и во текот на бременоста со Арчи.
Наводно Меган е во четвртиот месец од бременоста и очекува девојче, пренесува американскиот магазин „ок“. Исто така тврдт дека британската кралица оваа вест ја дочекала со воодушевување и дека е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за нов член.
Анонимен избор за британските медиуми изјави дека Меган и Хари се пресреќни што наскоро повторно ќе станат родители.
„Отсекогаш зборуваа дека сакаат да имат две деца со мала разлика во годините. Меган и Хари беа пресреќни кога дознаа дека Меган чека дете. Хари веќе го одобра името, ќерката ќе се вика по неговата мајка, Дијана. Меган се согласува со неговата одлука бидејќи знаеше колку му значи“ вели изворот.
Кралското семејство не се огласи по овие пишувања, а Меган во последното интервју истакна дека откако се омажила со Хари поминува низ лош период, па никој не ја прашал како се чувствува.