Родендени, свадби, матури и други разни поводи… се убава причина за славање.
Таква една причина за прослава имаше и македонскиот пејач Валтко Лозаноски.
Имено, по завршените настапи во Швајцарија во годината која сигурно ќе ја памети, Лозано ги спакува куферите и се врати дома, бидејќи само дома си е дома.
Меѓутоа, тој деновиве имаше и убав повод за славење.
Имено, Лозано славеше 15 годни матура, па заедно со своите соученици од училишната клупа се собраа и прославија „јако, јако“.
Влатко на социјалните мрежи се пофали со неколку фотографии од прославата, а во описот стои:
„15 години матура, Битола, Средно музичко“ – напиша пејачот.