На само три дена од почетокот новата сезона на Формула 1 која треба да започне на 17. март токму со трката за голема награда на Австралија во Мелбурн, на 67. годинишна возраст денеска во овој австралиски град почина директорот на Меѓународната тркачка автомобилска федерација (ФИА) Чарли Вајтинг, соопштија претставници на ФИА.

Инаку Вајтинг со децении беше еден од највлијателните луѓе во Формула 1, а почина од белодробна емболија.