Како бомба одекна веста дека Душко Тошиќ покрај сопругата и наводната љубовница Ана Јовановиќ се гледал и со разведена водителка која има популарна забавна емисија, а сега се зборува дека се работи за Сања Маринковиќ, водителката и авторката на емисијата „Магазин ин“.
Наводно, тие трипати се виделе во текот на претходното лето.
По тој повод за курир.рс се огласи и водителката на Пинк, која истакна дека немала ништо со Душко.
„Која е оваа водителка? Не мислите на мене? Не знам кој е ова. Душко го познавам и сме само на здраво – здраво“, вели Сања, а кога и пренеле што се зборува меѓу естрадата, таа одговорила дека немала близок однос со фудблерот.
„Не го познавам. Го поканував во емисија, но не можеше да дојде. Некој нешто помешал, јас не сум таа водителка“ тврди Сања, па ја спомна и Јелена Карлеуша, сопругата на Душко.
„Ја познавам сопругата на Душко, а ја познавав и нејзината мајка. Не сум таа водителка и немам коментар на тие лаги и измислици“, вели Маринковиќ за курир.
Инаку, Јелена се огласи по повод љубовниците на нејзиниот сопруг истакнувајќи дека тоа не е точно и дека фудбалерот поднел тужби.