Како бомба одекна веста дека хрватскиот пејач Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинале по 24 години во емотивна врска.
Популарната двојка својот приватен живот не го експонираше во јавност, па токму поради тоа многумина беа изненадени од оваа вест.
Од ПР- тимот на Грашо се огласија истакнувајќи дека парот веќе неколку месеци не живее заедно, но ниту Даниела, ниту Петар ги прокоментираа пишувањата и не ја открија причината за раскинувањето.
Меѓутоа, словенските медиуми пишуваат дека пејачот наводно има нова девојка. Имено, како што се пишува, наводно Петар е во врска со 45 годишна Словенка, Соња Ерчуљ.
Тие се видени на вечера во Добрепоље, па отаму започнаа гласините дека се во врска.
По тој повод се огласи и Словенката која ги демантираше написите дека има нешто со хрватскиот музичар.
„Точно е дека соработуваме, но не сме поврзани приватно, никако. Ова е мало место и сешто се зборува. Тоа е затоа што луѓето не разбираат што е соработка“, изјави Соња за „Журнал 24“.
Потсетуваме, Петар и Данијела нивната љубовна приказна ја започнаа пред две децении, а за врската ретко зборуваа во јавност. Тие немаат заеднички деца.