Радио Милева ништо не е случајно?

По Лиде, Лиде, нов хит на социјалните мрежи е Васка, која ја чепна естрадата кај што најмногу ја боли, па (е)страдните ѕвезди жестоко и возвратија: „Едни брутално ја колнат, други саркастично и се потсмеваат“ (ФОТО)

По Лиде, Лиде,  нов хит на социјалните мрежи е Васка, која ја чепна естрадата кај што најмногу ја боли, па (е)страдните ѕвезди жестоко и возвратија: „Едни брутално ја колнат, други саркастично и се потсмеваат“ (ФОТО)

Коронапандемија деновиве за жал го достигнува својот пик, својот врв по новозаразени и починати лица во Македонија. Од друга страна бродоломот на економијата наликува на последните минути од тонењето на „Титаник“, па во општото лудило во трка по вакцини и корка леб, се обидува кој како знае и умее да се снајде и да се спаси… Колку што може, секако!

Луѓето покрај тоа што се очајни, анксиозни, депресивни, изгубени… стануваат и се’ понервозни, се’ помалку се контролираат себеси, своите постапки и однесување. Што е логично и донекаде оправдано, зашто короната не удира само на физичкото здравје, туку и на психата!

Тоталниот „локдаун“ и целосното затворање на угостителските локали речиси ќе ги доуништи не само угостителите, туку и целокупната ивент индусртрија и секако естрадата, кои директно се поврзани со своите дејности меѓусебе, а со тоа и едни од најпогодените.

Од друга страна се затвораат и цели фабрики, хали, производствени погони, мали бизниси… Што од здравствени, што од економски причини, а стотици, па и илјадници недолжни луѓе остануваат на улица без работа, без никакви или минимални примања, без заштеда, зашто со плата на една конфекциска шивачка на пример, не може да се „истера месецот“, а камо ли да се заштеди!

И во екот на ова борба на спротиставени контроверзи среде ковид лудило, вријат сите, а најприкладен вентил за празнење кој им е при рака се Интернетот и социјалните мрежи. Се пишува се’ и сешто, се прозива и кој треба и кој не треба, се напаѓа, вика, пцуе, колне, навредува… и она што треба и она што реално не заслужува! Од политичари до познати и јавни личности!

И ако Лиде, Лиде од нигде никаде, од тотален анонимус „направи кариера“ и стана позната токму преку искажаната љубов кон министерот Филипче на социјалните мрежи, по се’ изгледа дека сега неа ја менува Васка, со добри шанси да и го земе приматот и „украде шоуто“!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lide-lide-go-nacheka-filipche-se-zapoznaa-ama-dobi-samo-selfi-kafeto-na-lide-i-vakcinite-za-narodot-kje-pochekaat-zashto-so-filipche-ochigledno-moze-samo-da-se-slikame-foto/

Но за разлика од Лиде, не по искажаната љубов, туку по  тоа што ја разлути естрадата, естрадните ѕвезди и угосителите со своите ставови дека тие не се оние што се најпогодени со коронапандемијата, зашто пред тоа дебело заработуваа, туку некои сосема други, што работат за мизерна плата на машина во фабрика.

Имено, извесна Васка Маневска, која работи како „менаџер за понуди“ во една софтвер компанија, а во исто време, дополнително  ги продава и производите на една козметичка фирма,  со својот статус на социјалните мрежи буквално разгневи дел од естрадните лица, откако им напиша дека ниту тие, ниту угостителите тие не се ниту оддалеку најпогодените во корнакризата:

Изнервираните пејачки и пејачи, и флкери и оние од популарната музика, жестоко и возвратија на новата „анонимна ѕвезда“ на социјалните мрежи. Најбрутална – фолкерката Сања Сани Гроздановска. Клетви и навреди, како противудар на туѓиот ставот кој очигледно ја погоди таму каде што во моментов „најмногу боли“!

Нешто поумерен, со поинаков „ритрн“, потсмевлив и саркастичен, македонскиот ДЈ и ар ен би артист Владимир Блажев, алијас Панчо – ДНК:

Колешката и земјакина на Сани, кумановската фолкерка Тања Јовановска Трајкова со утешни зборови и интересен предлог  возврати со свој коментар, како после Ковид – 19 пандемијата.

Со лајкови и коментари Сани ја поддржаа уште некои нејзини колеги, меѓу кои ништо помалку брутална од кумановската фолкерка во својот коментар наместо одговор на „несреќната“ Васка, беше уште една  македонска фолк пејачка –  Андријана Ади Костадиновски.

Откако Сани откри дека Маневска меѓу останатото рекламира продажба на „козметичко-медицински“ производи, за „влошките што лечат“, производ на фирмата за која работи Васка, Ади се надоврза со свое „содржајно мислење“:

Но, на „сочните забелешки“ на естрадните фаци, ниту новата „вирална ѕвезда“ не им остана должна.

Па, Васка наместо одговор, сликовито им „возврати“ со тоа што ја промени својата профилна фотографија на Фејсбук, асоцирајќи дека сепак, она што го кажала – сериозно и го мисли! Па кој сфатил – сфатил, кој не… До него е!

Впрочем… „Ништо во животот не е случајно“, како што самата тврди, зарем не!?

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/

 

 

To top