Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ ангажирале стручни лица за „feng sui“ за да нивниот дом на „Бежаниска коса“ биде исчистен од нечистотија, темни сили.
Откако крадци влегоа во домот на Поповиќ и украдеа важни документи и часовници кои чинат 100 000 евра, директорот на Гранд е под стрес. Тоа го принудило да се ослободи од негатвина енергија, бидејќи мисли дека со тоа привлекол негативна енергија.
Стручно лице за „feng sui“ го посетил домот на Поповиќ. По деталниот преглед заклучил дека прв чекор треба да биде чистење на домот од нечисти сили и исфрлување на непотребни работи.
Но, тоа не е се. Саша сака неговиот дом енергетски да го прочисти, а близок извор вели дека Сузана започнала со редовни молитви.
„Редовно оди во црква која се наоѓа во нивна близина. Таа е посветена на семејството, посебно на децата. Меѓутоа, немилата случка која им се случи ја принуди да го најде мирот во верата, бидејќи на тој начин ќе се ослободи од големиот стрес, но и негативна енергија – вели изворот.
Медиумите се обиделе да стапат во контакт со Сузана и Саша, но биле недостапни.
фото: Србија данас