Радио Милева

По коментарите дека е на работ на анорексија се огласи Селин Дион и на сите им ја затвори устата

По коментарите дека е на работ на анорексија се огласи Селин Дион и на сите им ја затвори устата

Познатата пејачка Селин Дион ја шокираше  јавноста кога светските медиуми ги покажаа нејзините фотографии од Париската модна недела, на кои се чини дека е на работ на анорексија.

Селин е видно ослабена, а социјалните мрежи и портали ги преплавија коментарите на сметка на нејзиниот изглед.

“Изгледаш преслабо, ти си буквално коска и кожа”, “Јади барем нешто”, “Ти си на работ на анорексија”, беа само некои од коментарите.

foto:profimedia

Пејачката не одговори неколку дена, но сега се огласи по тој повод.

– Не мора да ме фотографирате. Ако не ви се допаѓа она што го гледате, оставете ме на мира – рече Селин.

To top