Радио Милева
наместо „зад решетки, на градски „прошетки“?!

По Кичеец и Рашковски и Боки 13-ка сликан како слободно се шета низ Скопје, иако е во куќен притвор… на ред ли е Катица?! (ФОТО)

По Кичеец и Рашковски и Боки 13-ка сликан како слободно се шета низ Скопје, иако е во куќен притвор… на ред ли е Катица?! (ФОТО)

Чудна некоја земја оваа наша Македонија… Уште почудна власта и оние кои беа први пајташи со неа, па и се огрешија и неа, а најмногу  на народот, па сега се зад решетки. Или барем треба да бидат, ама не се! Зашто изнаоѓаат разно-разни причини и начини како да ескивираат.

По Зоран Милески Кичеец, кој учествуваваше во сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Охрид – Кичево, пред некој ден и бившиот секретар на владат на Заев, Драги Рашковски кој е во куќен притвор заради познатата „сообраќаен софтвер афера“, беше сликан како слободно си шета без задолжителната полициска придружба низ Скопје.

Првиот бил на „месечен отпуст заради лечење“, вториов имал дозвола, односно, документ од судот кога да оди на лекар! Се сами „пациенти“, што би рекле!

Најодговорниот се прави „наудрен“… Божем од медиумите разбрал за ваквите „прошетки“ на актуелните осуденици, негови доскорешни блиски соработници!

И не мина ниту еден ден кога ете ти уште еден од „некогаш големото друштво“ на власта, фатен во кадар среде центарот на Скопје, а ико и тој треба да е зад четири ѕида, зад „домашни решетки“!

Во тесни фармерки и тексас јакна, со каубојски чизми, Боки 13-ка е забележан во центарот на Скопје. За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени без придружба, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци во цивил. Барем така изгледаат на фотографијата која осамна на социјалните мрежи. Бојан Јовановски е сликан спроти „Зелено пазарче“ на влезот на паркингот на некогашната Градска болница.

За потсетување, Боки 13 е осуден на 9 (девет) години затвор заради „Луј Витон“ аферата која резултираше со предметот „Рекет“.

И додека на пример пред домот на екс министерот Миле Јанакиевски 24/7 дежураат полицајци, а бизнисменот Јордан Орце Камчев и гаранција од два и кусур  милиони евра не може да го извади од Шутка за да се брани од слобода, „грешните љубимци на власта“ кога сакаат се возат по Македонија и шетаат по Скопје.

Како тргнало, веројатно следна е Катица… Можеби ќе добие „судска дозвола“ да оди на вакцинација, кој да ја знае?

Останати вести од Радио Милева