Северина Којиќ по кавгата, се смири со можеби најважниот маж во нејзиниот живот, поранешниот менаџер Томислав Петровиќ, со кого ја прекина соработката минатата година.
Медиумите ги објавија причините за нивното несогласување, наведувајќи дека тие ја изгубиле доверба еден во друг заради бројните несогласувања.
Многумина веруваат дека Северина решила да се смири затоа што нејзиниот бизнис тргна надолу и воопшто не одеше добро, како што тоа беше случај додека Томо ја водеше нејзината кариера.
Хрватските медиуми пишуваат дека една од продукциите што ја поседува Северина завршила со црвено салдо минатата година. Очигледно е дека Северина, кога станува збор за албумите и концертите, решила да се помири со Петровиќ, за да избегне уште полошо деловно сценарио.
Кога беа запрашани од медиумите за кавгата помеѓу Северина и Томислав, од тимот на пејачката лажно изјавија дека не се запознаени со тоа, а сега на истото прашање за смирувањето на пејаечаката и менаџерот, очигледно се итоа како запознаени со одговорот.
„Наведените информации се точни“ – потврдил ПР-от на Северина Којиќ, Давор Гргин, одговорајќи на прашањето дали е вистина дека Томислав и Северина се cмириле и дека тој ќе продолжи да го води нејзиниот продуцентски тим.
Од друга страна, Томислав Петровиќ не одговорал на повиците и пораките на новинарите.