Само неколку дена по апсењето, Дарко Лазиќ повторно ги прекршил правилата во сообраќајот поради несовесно возење.
Пејачот додека возеше си се снимаше со телефонот, со широка насмевка на лицето, а потоа овие моменти ги објави на Инстаграм.
Имено, Лазиќ бил со пријател, кој го управувал возилото, бидејќи на пејачот тоа му било забрането, а она што на сите им паднало во очи е тоа што Дарко седел на совозачкото седиште без врзан појас.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ е уапсен поради низа сообраќајни прекршоци и е казнет со 200.000 динари, забрана за управување со моторно возило една година и 10.000 динари за брзо возење. Иако бил позитивен на наркотици, пејачот тврди дека таа вечер не конзумирал недозволени супстанци, туку дека некој му ставил дрога во пијалокот!?