Радио Милева семејството демантира

По информациите дека починал Ферус Мустафов, се огласи неговиот внук: „Мојот дедо Ферус е жив, но вистина е дека е во болница и се бори за живот!“

По информациите дека починал Ферус Мустафов, се огласи неговиот внук: „Мојот дедо Ферус е жив, но вистина е дека е во болница и се бори за живот!“

Во текот на попладневните часови, вчера, вторник 2-ри мај 2023 година, една непроверена вест осамна на грст македонски портали, кои по стариот проверен принцип на „безкрупулозно крадење“ еден од друг, „копи-пејст“ заблудата ја обзнанија како „проверена вест“,  дека наводно починал популарниот музичар, легендарниот македонски саксофонист и кларинетист,  Ферус Мустафов.

За среќа, набргу потоа се огласија од неговото семеjство демантирајќи ги гласинити и оваа „лажна вест“ иако сепак потврдија дека Ферус е во болница.

Имено, на својот Фејсбук се огласи неговиот внук и еден од неговите музички наследнеци, Ферчо Мустафов, кој ги демантираше вестите дека познатиот музичар починал во болница.

„До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот.
Да се помолиме за негово здравје! Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието“ – сподели младиот музичар на својот Фејсбук профил.

Фото: Фејсбук принтскрин/Ferus Mustafov/Fercho Mustafov
To top