По повод приказната дека „Гранд“ продукција, зад која стои Саша Поповиќ, на пејачката Марија Шерифовиќ по сезона има намера да и плати 150 илјади евра, продукцијата се огласи со јавно соопштение.
Веста дека хонорарот на Марија Шерифовиќ како член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ изнесува 150 илјади евра е апсолутна невистина. Никогаш немало никакво улсловување од страна на било кој член на жирито, ниту се инсистирало на посебни барања и услови. Сите членови на жирито се апсолутно рамноправни во нашата продукција, не постојат нереални барања, ниту жирираат за висина на хонорар за кој се шпекулира во медиумите. Марија никогаш немала посебни барања, ниту услови под кои би жирирала во нашиот најгледан натпревар, заклучуват од „Гранд.