Пејачката Ана Севиќ помина низ лош период поради сообраќајната несреќа на нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ.
По голем број шпекулации за нивниот однос, Севиќ откри дека тој секогаш ќе ја има нејзината поддршка.
„Дарко и јас сме “океј“, што се однесува до мене секогаш ќе зборувам во мое име. Тој е личност кој секогаш ќе има мојата поддршка. Тој одлично го знае тоа. Тоа никогаш нема да го промениме бидејќи имаме ќерка. Меѓу нас има нераскинлива врска. Секогаш сакам да го видам како победник во секоја ситуација“ изјави Савиќ за пинк.рс
За потсетување, Дарко претходната година доживеа сообраќајна несреќа од која оздравува.
Пејачот го очекува своето второ дете со својата нова свршеница Марина Гагиќ.