Неодамна српски курир.рс пишуваше дека наводно хрватската пејачка Северина Којиќ е во врска со винарот Томислав Воштиниќ и наводно пејачката ќе живее на неговиот имот во неговиот имот во Иваниќ Град.
По тој повод, за курир.рс се огласи и адвокатката на Северина која ги демантираше овие тврдења.
„Не е вистина дека Северина се сели на имотот на новото момче – винар, како што и не е вистина дека одлучила повеќе време да поминува во домот на избраникот Томислав Воштиниќ, но и дека повремено ќе доаѓа во Загреб. Не е вистина дека Томислав е момче на Северина, како и дека ќе започнат заеднички живот. Не е точно дека пејачката за почеток ќе пренесе дел од своите лични работи на неговиот имот во Иваниќ Град. Не е вистина и дека пејачката цело лето го помина со Томислав и дека се видени на крстарење на Јадранот. Не е вистина дека Северина поминува многу време на Грабер Ивановаќ каде што Воштиниќ има имот и винарија“, се огласи адвокатката на Северина, Сања Турлаков.
View this post on Instagram
Потсетуваме, српските медиуми често пишуваа дека Северина се разведува од сопругот Игор Којиќ, но парот не се огласи по повод овие шпекулации.