Радио Милева вкрстени микрофони

По Гавазова-Велевска, нов, овој пат машки музички двобој: Туше и Цаки – „Кисми“ на фолк дуел

По Гавазова-Велевска, нов, овој пат машки музички двобој: Туше и Цаки – „Кисми“ на фолк дуел

Минатиот викенд изгледа беше „историски“ за македонската фолк естрада. Ако немаат можност за тезги по кафеани, за настапи по угостиртелски локали, концерти по клубови и дискотеки, пеење по свадби, свечености и семејни веселби, фолкерите најдоа можност за нешто друго: домашна онлајн забава. Концертите од по дома, онлајн, на интернет станаа традиција, особено за некои од пејачките, како Сузана Гавазова, која редовно секој викенд има свое „онлајн хоум лајв фолк шоу“, а минатиот помина во знакот на првиот женски музички фолк двобој помеѓу неа и како што се говореше во медиумите, „лутата конкурентка и соперничка“, колешката Елена Велевска.

Музичкиот дуел на двете фолкерки  мина во „пукање“ со познати песни и хитови, а за атмосферата да биде уште подобра, Сузана и Елена беа придружувани од двајца одлични музичари: Ицко Ѓорѓиовски на клавијатури, како и познатиот виртуоз на дувачки инструменти Александар Ангелов од групата „Дрим тим“. Нивниот настап, јавноста имаше можност да го следи на фан страниците на четворицата музичари, а се емитуваше и во живо на единствената македонска музичка сателитска телевизија, ИН ТВ.

На нивниот репертоар повеќе беше застапена македонската песна, а интересно беше и тоа што во еден момент Елена и Сузана ги заменија своите песни. Елена пееше песни од Сузана, а Сузана од Елена.

Јавноста уживаше во “Бум бум”, “Те шизнав”, “Опасна за око”, “Една е мајка”, “Срце бакшиш”, “Удри дајре до сабајле”, а беа отпеани и македонски извори и патриотски песни.

Прекрасната вечер која имаше и хуманитарен карактер зашто се донираа средства за најпогодените со коронавирусот, двете атрактивни фолкерки  ја заокружија со заедничка изведба на познатиот македонски новосоздаден фолк евергрин, „Едно име имаме”.

Двете атрактивни фолк пејачки изгелда повлекоа нога, па, по женскиот, бргу беше закажан и првиот машки, музички  фолк двобој. Имено, овој викенд, силите на микрофонот со своите гласови и песни ќе ги одмерат двајца македонски фолк пејачи. Фолк мегдан закажаа едни од најбараните фолк пејачи на македонската естрада, Благојче Стојановски -Туше и Цаки – „Кисми“.

Нивниот музички дуел е закажан за 23-ти мај, сабота, со почеток од 20 часот, а фолк двобојот  на Туше и Цаки  ќе може да се проследи на нивните фан страни на Фејсбук, но, истиот ќе биде пренесуван во живо и на сателитската ИН Телевизија.

Ако музичкиот двобој на Гавазова и Велевска „прострела во срцата“ илјадници фанови со добра песна, убаво расположение и барем за малку им ги отрргна мислите и грижите од не така розовото секојдневие на голем дел од нивните фанови, машкиот фолк двобој на Туѓе и цаки веруваме дека ќе биде уште пожесток… Се разбира, кога е во прашање песната, како празник за душата!

 

 

 

To top