Со својот талент во текот на 12 епизоди, победникот Стеван Анџелковиќ ја воодушеви публиката во шоуто „Твоето лице звучи познато“, но и оние пред малите екрани кои гласаа и го донесоа до победата.
Стеван како награда освои 25 илјади евра кои ги донираше во хуманитарни цели во детската клиника за онкологија.
Не очекував победа, не ни размислував на тоа. Гледав да бидам што подобар, се трудев имитациите кои ги добивав да ги изведам најдобро и не бев преокупиран со тоа. Во моментот на прогласувањето, очекував дека победата ќе ја однесе Тијана Дапчевиќ или Едита Арадиновиќ, вели Стеван за српски „Блиц“, кој во последната епизода го имитираше Елвис Присли.