Македонската репрезентација вчера попладне ги почна подготовките за пријателскиот натпревар со Норвешка кој не очекува в сабота (11. ноември) на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Па, како по обичај, и првиот тренинг во новиот собир мина со вообичаените „среќни честитки“ за успесите или новините кај дел од репрезентативците… По една клоца и по некоја „заушка“ денеска добија дел од репрезентативците за среќно и со Норвешка! Најмногу го „крка“ оној што бил најдобар во својот тим во изминаттото коло викендов! Таков е редот во непишаното правило! Го нема Илија Несторовски кој остана во Палермо, па најмногу го „окрка“ Езџијан Алиоски!

Извор: Екипа.мк