Радио Милева конечно заедно

По една ипол година, драмата на Тања Савиќ конечно заврши: Пејачката конечно со синовите се враќа во Србија

По една ипол година, драмата на Тања Савиќ конечно заврши: Пејачката конечно со синовите се враќа во Србија

Пејачката Тања Савиќ по една ипол година конечно ги виде синовите Максим и Ѓорѓе.

Имено, во април претходната година, се уште законскиот сопруг на Тања, Душан ги зеде децата без нејзина дозвола во Австралија. Отогаш пејачката ги нема видено, а и ја започна својата борба за старателството над децата.

фото: принтскрин/инстаграм/тања савиќ

Неодамна, судот во Австралија донесе одлука во корист на Тања Савиќ, односно дека таа може да ги земе децата и да живеат во Србија.

Пејачката сега конечно по една ипол година ги виде своите синови, а тие се на пат за Белград.

Имено, таа објави заедничка фотографија со наследниците, а во описот напиша:

„Ете не. Среќни. Насмеани. Конечно заедно. Белграде, пристигнуваме“, напиша пејачката покрај заедничката фотографија.

фото: принтскрин/инстаграм/тања савиќ

Инаку, сопругот на Тања неодамна истакна дека тој прв поднел документи за развод, додека пак Тања ги демантираше овие пишувања потенцирајќи дека таа прва поднела барање.

To top