Пејачката Рада Манојловиќ веќе повеќе од пет години ужива во емотивната врска со Харис Берковиќ.
Иако на почетокот често се појавуваа во медиумите, Рада и Харис одамна не се видени заедно во јавност, а и многу ретко зборуваат за нивната врска.
Меѓутоа, сега по долго време, парот се појави заедно во јавност односно заедно се појавиле на свадба кај еден пријател.
Очигледно дека ги понела музиката и атмосферата, па тие се снимаа и фотографираа на „Инстаграм“.
Инаку, иако во медиумите често се пишуваше дека тие раксинале, дека е крај на нивната љубов, како и наводно дека родителите на Харис не ја сакаат Рада, таа неодамна ги демантираше овие пишувања.
фото: инстаграм