После црковната церемонија која се случи во црквата Св. Јован Канео во Охрид на ден Голема Богородица, пејачката Викторија Лоба и нејзниот избраник Ѓорѓи Калешов викендов направија и свадбена забава.
Па така, откако си ги кажаа црковните завети, пред мал дел најблиски личности кои беа дел од церемонијата, тие не чекаа многу за да направат и свадбена забава за поголем број на гости во еден скопски ресторан.
View this post on Instagram
Свадбата како и секоја беше луда и незаборавна, особено за младите кои ќе ја паметат целиот живот.
Лоба по вторпат беше невеста, а како и на црковната венчавка, така и сега се одлучила за едноставен модел на невестински фустан во тесен корој, брановидна пуштена коса и минималистичка шминка кои ја истакннаа нејзината природна убавина. Младоженецот беше во елегантна и проверена варјанта.
Првиот танц го заиграа на песната „All od me“ на Џон Леџенд, немаа посебно подговтвени чекори, туку танцуваа како ги носеше ритамот и емоциите.
Потоа невестата очекуванио се фати за микторфонот, а на сцената заеднио со неа покрај музичарите од бендот, пееше и Ѓоко Танески.
На почетокот на големиот ден Лоба објави само една фотографија како се подготвува со шминка и фризура, а дополнително фотографии и видеа очекуваме кога невестата ќе сеодмори од забавата и ќе најде време да сподели повеќе моменти со јавноста.
За потсетување, Лоба и Ѓорѓи претходно беа во деветгодишна врска, а долго време живеат заедно.
Среќен брак на младите!
фото:Инстаграм принтскрин