Мегафон

По четврти пат „МАН“- доделување на македонските алтернативни награди

По четврти пат „МАН“- доделување на македонските алтернативни награди

Претстојното, 4. по ред издание на „Македонските алтернативни награди“,  ќе се одржи на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје.

Манифестацијата и годинава ќе го одбележи најдоброто од алтернативата, а веќе е познат и добитникот на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена – Тошо Филиповски. Повод за тоа е капиталното дело на музичкиот новинар „Македонската рок енциклопедија“ која беше промовирана на почетокот на месец мај годинава.

Доделувањето на МАН наградите на протагонистите на македонската алтернативна сцена, всушност е почеток на создавање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат. Како и на претходните три изданија, забавата ќе започне напладне, во 12.00 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.