Радио Милева бегство од осуда

По бурните реакции на јавноста, Дуа Липа одново се огласи, но не ја избриша спорната фотографија: Покајание грешним или театрално лицемерие? (ФОТО)

По бурните реакции на јавноста, Дуа Липа одново се огласи, но не ја избриша спорната фотографија: Покајание грешним или театрално лицемерие? (ФОТО)

По бурните реакции на јавноста, Дуа Липа се огласи уште еднаш, а со новата најава се обиде малку да ги смири страстите и да објасни дека наводно немала лоша намера, туку дека само сакала гордо да зборува за своето потекло и корените.

„Мојот претходен пост немаше намера да предизвика омраза. Многу сум тажна и лута што мојата објава е погрешно разбрана од некои групи и поединци кои промовираат етничка сегрегација, нешто што остро го осудувам.

Секојпат кога објавувам нешто за Косово, коментарите полудуваат, дури и ако се работи за убави работи како храна и музика, и наидов на силен отпор на автентичната албанска култура.

Сите ние заслужуваме да бидеме горди на нашето потекло, од каде и да потекнуваме. Само сакам мојата земја да биде претставена на картата и да можам гордо да зборувам за моите албански корени. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство, да учат и да се слушаат едни со други.

Мир, љубов и почит кон сите – Дуа Х “, напиша Дуа Липа на својот Инстаграм профил, но не ја избриша спорната фотографија, со што нејзиното „покајание грешним“ всушност беше протолкувано како тетатрално лицемерие.


УНИЦЕФ реагираше и на првичната објава на Липа. Дуа се претставува себеси како амбасадор на УНИЦЕФ, а на официјалниот профил на Инстаграм на српскиот УНИЦЕФ, тие негираа дека Дуа е нивни амбасадор и истакнаа дека „не ги поддржуваат ставовите што таа ги изразува“.

Ве потсетуваме и дека сè започна од контроверзната фотографија што ја објави Липа на нејзиниот профил, на која се гледа замислената карта на Голема Албанија, чии граници  опфаќаат делови од територијата на Србија, Црна Гора, Македонија и Грција.

To top