Радио Милева

По бурата од разводот, Елена Велевска се одлучи за драстична промена (фото)

По бурата од разводот, Елена Велевска се одлучи за драстична промена (фото)

Последниот период главна тема од шоу-бизнисот во медиумите беше разводот  на македонската фолкерка Елена Велевска, која преку својот Фејсбук статус потврди дека се разведува и стави крај на приказните за својот приватен живот.

Иако не зборува за својот интимен живот, Велвеска е редовна со објавите на социјалните мрежи каде што ги информира своите пријатели и следебеници за професионалните активности.

Како што самата кажа „животот оди понатаму“, тешкиот период не ја спречува да ужива, но и да прави промени. Овој пат Елена се одлучи да ја промени бојата на својата руса коса, а за тоа се пофали и на својот Фејсбук објавувајќи фотографии од тазе новата фризура.

Велат дека кога жените ја менуваат фризурата, тогаш им се случува нешто во животот, што во случајот на пејачката се покажува како точно.

фото: фејсбук

To top