Пејачот Дарко Лазиќ за првпат ќе гостува на телевизија со својата нова девојка Барбара Бобак, вечерва, 28 септември, во емисијата Амиџи шоу.
Лазиќ пред камерите ќе зборува за сите скандали во изминатиот период, и приказните во кои е вклучена Бобак, и кои привлекоа големо внимание во јавноста.
Покрај нив, во шоуто ќе бидат Миле Китиќ и Елма Синановиќ. Амиџи започнува на Пинк во 22 часот.
За потсетување, последното нешто со кое го привлекоа вниманието на Барбара и Дарко беше возењето по хауба додека јадеа хамбургери, како и фотографијата на која се облечени како касапи, додека Барбара држи протеза за нога.
View this post on Instagram
фото: инстаграм