Не е лесно да си позната и јавна личност. Се следи секој нивен чекор како од професиналниот така и од приватниот живот и постојано се под будното око на јавноста.
Деновиве главна тема во неколку македонски медиуми е анкетата на познатите јавни личности во која зборуваат се најдобро за манекенка која не постои.
Имено, екипата на „Ексклузив“ на едно модно случување направи анкета со познатите дали го познаваат моделот Бјанка Мизел.
Во анкетата се најдоа Сања Сани Гроздановска, Симона Поповска, Јоце Панов…кои одговорија дека ја познаваат и дека им се допаѓа нејзината кариера.
„Супер е, прекрасна е“ изјави Сани за моделот кој не постои.
По социјалните мрежи оваа вест набргу се прошири и започнаа шегите на сметка на познатите како може да си дозволат такво нешто и да се прават дека познаваат некој што не постои.
Како шега на „Инстаграм“ се појави профил од манекенката која нема врска со јавниот свет.
Фолкерката Сања Сани Гроздановска не остана должна, па се огласи на својот „Фејсбук“.
„Колку биле зелени луѓето за исмејување и фаќање сеир….затоа сме бедна држава и тонеме секој ден подлабоко. Секое чудо за три дена. Тие што не ме познаваа, ме дознаа. Добредојдовте во шоубизнисот. П.С. Споделувајте го постот повеќе пати ве молам“ напиша Сани на социјалните мрежи.
Меѓутоа, тоа не беше доволно, па Гроздановска им врати на „хејтерите“ и на оние кои имаат нешто против неа.
„Се што имате против мене, запишете на лист, направете авионче и одлетајте во три лепи…ви посакувам пријатен лет“ напиша Гроздановска.